Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


denari-plata.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 10 Јуни 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година.


Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK