–>

ВМРО-ДПМНЕ бара продолжување на рокот за сослушување експерти и функционери за случајот со Онкологија

ВМРО-ДПМНЕ-бара-продолжување-на-рокот-за-сослушување-експерти-и-функционери.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за дополнување на Одлуката за основање на Анкетната комисија за скандалот на клиниката за Онкологија, со која се бара продолжување на рокот за дополнителни 30 дена за сослушување на експерти и поранешни и сегашни носители на јавни функции.

Досега се сослушани повеќе од 50 лица, поранешни и сегашни министри и заменици, директори, раководители на сектори, вработени во Министерството за здравство, ФЗО, МАЛМЕД, ДСЗИ, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, рече дека во процесот на сослушувањето на овие лица се појавиле нови и важни факти и околности за Анкетната комисија кои што можат да придонесат до конечното утврдување на прекршување на уставните и законските одредби како основ за утврдување на политичка одговорност.

„Дополнително, во текот на изминатите денови беа објавени нови сознанија за случајот со Онкологија, од кои може да се заклучи дека станува збор за основани сомневање за метастазирано диво месо во здравствениот систем и владеење на канцер мафијата. Овие нови сознанија за случувањата на Онкологија и информациите кои беа дадени од досега сослушаните лица, ја наметнува потребата да се испитаат сите нови информации и да се продолжи рокот на работата на комисијата во делот на повикување на носители на јавни функции, раководни лица во иниституциите и да се прошири опфатот на периодот на кој таа се однесува вклучително и периодот од Април 2023та година на кој се однесува извештајот на ФЗО“, рече Мизрахи и образложи дека од овие причини ја поднесуваат оваа Одлука со која Анкетната комисија ќе има дополнителни 30 дена за да повика и други засегнати институции и експерти.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува парламентарното мнозинство и сите останати партии од опозицијата доколку навистина сакаат вистината да излезе на виделина да го поддржат нивниот предлог.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK