(Видео) Пендаровски: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време, не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат

Видео-Пендаровски-За-втор-мандат-ќе-се-произнесам-кога-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска кажа дека не размислува за втор мандат во вакви траорни времиња.


„Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и право да ви кажам не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар најмалку, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се догодина, закажани за април и за мај, имаме доволно време после Нова Година да размислуваме за тие работи, меѓутоа во овој момент моите мисли се насочени само кон семејствата на настраданите и се разбира во рамките на мојата функција да го изработам до крај мандатот, во согласност со потребите на граѓаните кои ми ја дадоа честа да ја водам државата пред четири и пол години.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK