Стерјовски на изборна средба со Македонците во Поградец

sterjoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски,  одржа изборна средба со Македонците во Поградец.







Тој ја повика бројната македонска заедница да го даде гласот за кандидатот за градоначалник, Илир Џаколи, кој, како што рече, е потврден пријател на Македонците, како и за кандидатската листа на Социјалистичката партија, со која МАЕИ  е во изборна коалиција.

-Ве повикувам масовно да излезете на изборниот ден и да му дадете доверба  за  градоначалник на Илир Џаколи, кандидат на Социјалистичката партија (СП),  и докажан наш  пријател, за продолжување на успешните проекти и трансформација на Поградец. Гласот дадете го  и за советничката листа на Социјалистичката партија на која се и двајца Македонци, рече меѓу другото Стерјовски.

Во ова општина на кандидатската листа за советници се Јован Шкмби од МАЕИ, како дел од договорот за изборна коалиција со СП, и Ањеза Ласка од СП.

Врз основа на договорот,  по предлог на МАЕИ кандидати Македонци има во советничките листи во повеќе општини, а самостојна листа има во Пустец.

Локалните избори ќе се одржат в недела, 14 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK