Усвоена е Стратегија за паметна специјализација на РС Македонија 2023-2027, со Акциски план 2024-2025 година

Усвоена-е-Стратегија-за-паметна-специјализација-на-РС-Македонија-2023-2027.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Владата на денешната седница ја разгледа Информацијата во врска со донесување Стратегија за паметна специјализација и усвои Стратегија за паметна специјализација на Република Северна Македонија 2023-2027, со Акциски план 2024-2025 година.

Примената на концепт за паметна специјализација во поттикнување на економскиот развој, како што е образложено од предлагачот, Министертсвото за образование и наука, е со цел усогласување со европски регулативи и пракси во делот на науката и истражувањето и за претпријатија и индустриска политика, произлегува и и од скрининг процесот на ЕУ, односно објаснувачките и билатералните состаноци и е утврдено и во годишните извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија.

Целта е поттикнување зелен и одржлив раст, преку вклучување знаење, иновации и технологија, за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународниот и домашниот пазар.

Задолжени се Министерството за образование и наука и Министерството за економија, во координација со Фондот за иновации и технолошки развој, Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Развојната банка на Северна Македонија, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, да го следат спроведувањето на Стратегијата за паметна специјализација на Република Северна Македонија 2023-2027, согласно Акцискиот план 2024-2025.

Задолжено е Министерство за образование и наука еднаш годишно да ја информира Владата за текот на спроведувањето на усвоените Стратегија и Акциски план.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK