Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2.6 %.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3.0 %, Алкохолни пијалаци за 1.6 %, Безалкохолни пијалаци за 2.8 % и Ноќевања за 1.5 %.
Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12.3 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот
период од минатата година, е зголемен за 13.5 %, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1.6 %.