Судскиот совет да биде водилка на судската независност и да манифестира релевантен капацитет, интегритет и потполна самостојност и независност, очекува Здружението на судиите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на судиите на Република Македонија разгледувајќи ги последните состојби во Судскиот совет изразува надеж и очекување дека Совет ќе биде водилка (гарант) на судската независност и самостојност, преку обезбедување на потребните услови за функционирање на судскиот систем и имплементирање на правните гаранции предвидени во националната и меѓународна регулатива, притоа манифестирајќи релевантен капацитет, (сопствен) интегритет и потполна самостојност и независност, одбивајќи ги сите евентуални влијаниjа и притисоци во неговото функциионирање и одлучување, низ еден кохезивен пристап и почитување на  законските процедури и практиките на доброто владеење како посебна и самостојна власт.







Управниот одбор на Здружението на судиите денеска ја одржа 22 седница на која, како што информира, било расправано за актуелната состојба во судството во Република  Македонија, со акцент на последните случувања во Судскиот совет.

Во заклучоците од седницата, Управниот одбор на ЗСРСМ, повикува на единство, дијалог и почитување на евентуалните разлики во самиот Судскиот совет и целокупниот судски систем, не отфлајќи (прифакајќи) го плуралниот пристап и идејниот диверзитет во судската заедница, истовремено почитувајќи го различното мислење на другите власти и општата јавност, и користејќи го истото како мотив за удвојување на напорите за докажување на реалната незавосност и самостојност.

Здружението на судиите, исто така, ги поттикнува сите судски чинители да вложат дополнителни напори и низ една транспарентна постапка да ги убедат граѓаните на РМ и општата јавност, дека судскиот систем има капацитет, самостојно да ги надмине сите предизвици и евентуални слабости, било да се тоа системски или од времен карактер, притоа роководејќи се од насоките изразени во Извештајот за напредок на РСМ за 2022 година и Извештајот на Стејт департментот за  2022 година, за функционирањето на правосудниот систем во Република Северна Македонија.

Во заклучоците од седницата, Здружението на судиите уште еднаш укажува дека независноста на судството е неопходно за обезбедување на непристрасна правда, и поради тоа истата треба да биде подржана во нејзиниот индивидуален и институционален аспект, имајќи го предвид фактот дека различните државни власти овозможуваат функционалност на една демократска државата, само доколку секоја пооделно се фокусира на своите надлежности, притоа исполнувајќи ги должностите кои произлегуваат од нивната Уставна поставеност.

Управниот одбор на Здружението на судиите апелира на достојна имплементација на последната Стратегија за реформа на правосудниот систем, во делот на поставеноста на Судскиот совет (полу-професионален состав), како стратешка определба која имаше за цел зголемување на неговата ефикасноста, непосредност односно неоддалечување од судиите како носители на судската власт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK