Црвен крст: Собрани вкупно 71 милиони денари за помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во просториите на Црвен крст на Република  Македонија денеска се одржа состанок на Одборот за транспарентност за собрани донации од акцијата на Црвениот крст на РСМ за помош на настраданото население од катастрофален земјотрес во Република Турција и Сириска Арапска Република.







-По повод силниот катастрофален земјотрес кој на 6 февруари 2023 година ги  погоди Турција и Сирија предизвика големи материјални штети, повредени  и на жал човечки загуби, Црвениот крст на РМ веднаш упати повик за обезбедување на донации во парични средства  од граѓаните и правните субјекти, но и материјални добра приоритетно потребни за настраданото население. На 20.03.2023 година Црвениот крст на РМ организираше настан со цел да се заокружи хуманитарната акција за помош, се наведува во соопштението од Црвениот крст на РМ.

На состанокот генералниот секретар на Црвен крст на РМ, Саит Саити ги информираше присутните за преземените активности и дека вкупно беа собрани 71 милиони денари од кои речиси девет милиони денари се во материјална хуманитарна помош, а останатите се во финансиски средства.

Членовите на Одборот на состанокот направиле увид на уплатените средства во Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ – донации од правни субјекти и граѓани, преку финансиски документи кои беа ставени на располагање (преглед на изводи на уплатени средства).

-Дискутирано беше и за поделбата на износите од донациите кои немаат изразена намена на средства за која земја, начинот како ќе биде префрлена односно соодносот по настанати жртви ќе се земен за сооднос за пресметка за префрлање на средства. За населението во Турција ќе се префрлат средства на сметката на Турска Црвена полумесечина додека средствата за населението во Сириската Арапска Република ќе бидат префрлени на наменскиот повик за донации на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина, се наведува во соопштението од Црвениот крст на РМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK