–>

Тренчевска: Нереално е барањето минималната пензија да биде 18 илјади денари, мора да се мисли на стабилноста на Фондот

thumbnail_слика-1-изјава.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска потенцираше дека МТСП е отворено за секој граѓанин и од тие причини, вели беше одржана средба со Иницијативниот одбор на пензионерите кои протестираа и со Сојузот на здружението на пензионери.

– Состаноците беа конструктивни, барањата ги слушнавме и на Иницијативниот одбор и на Сојузот на пензионери. Се договоривме, јас како министерка да доставам информација до Влада, да формираме работна група за прашањето за минимална пензија, односно Закон или измени на Законот за пензиско за да утврдиме износ на минимална пензија, согласно сето она што значи стабилност на Фондот за пензиско и капацитет на државата.

Таа додава дека разговарале и за тоа преку работната група да се дојде до одредени мерки и политики од социјален карактер за да им се помогне на сите пензионери, со посебен фокус на пензионерите со минимална пензија.

– Не очекува ново усогласување со септемвриската пензија. Ги очекуваме деновиве податоците од Заводот за статистика, врз основа на ова ќе го знаеме точниот процент за усогласување на пензиите на сите пензионери, рече министерката.

Тренчевска очекува дека до крајот на годината ќе се најде соодветно решение како да се дефинира минималната пензија во државата, која што ќе биде над она што значи праг на сиромаштија.

– Законското решение кое што е во моментот и при носењето на новата методологија во 2022 година, сите пензионери се согласија, вели дека 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата, во изминатото полугодие, во однос на она што му претходело. Очекуваме да ги добиеме податоците и врз основа на нив ќе видиме колку ќе биде. Можно е шест, можеби нешто повеќе, се зависи од статистиката, рече таа.

– Секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на Фондот за пензиско, 18 илјади денари пензија е нереална цена, затоа што минималната плата ни е 20 илјади, кажа министерката.

„Тоа ќе значи дополнително оптоварување на Фондот за пензиско и доведување во ситуација да после три, четири месеци, се прашаме дали сите 330 илјади пензионери ќе добијат пензија.

Мора да водиме сметка за стабилноста на Фондот за пензиско осигурување. Тоа е вистинска грижа, не се потребни популистички мерки. Во неколку месеци ќе ги задоволат потребите на сите пензионери, но на подолг рок ќе се доведе во прашање стабилноста на Фондот. Нема да дозволам да се доведе во прашање исплатата на пензиите“, додаде Тренчевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK