Теренска вежба на тимови од ДЗС и од Грција за пребарување и спасување од урнатини (фото)

terenska vezba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 60-годишнината од земјотресот во Скопје под мотото „Солидарност за справување со развојните предизвици на денешницата“ денеска се одржа теренска вежба за пребарување и спасување од урнатини на која учествуваа тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, тим од Грција, Град Скопје и Црвен крст.







Настанот се одржа во Спортско-рекреативниот Центар Сарај.

Покрај националните тимови од ДЗС, ТППБ на град Скопје и Црвен крст, учествува и тим за пребарување и спасување од урнатини од Противпожарниот корпус на Грција. Вежбата се одржува во период од 15-17 мај 2023 година, на локација во општина Сарај.
Во спроведувањето на овој настан, свој голем придонес дадоа градоначалниците на град Скопје и општина Сарај, како и Црвен крст на РСМ.

На теренската вежба присуствуваа и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Зулфиќар Зејнулаи, грчката амбасадорка Софија Филипиду…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK