Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

kom rasprava
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Собраниската Комисија за европски прашања денеска втор ден ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка.







Членовите на собраниската Комисија за европски прашања дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Денешната расправа помина во меѓусебни препукувања меѓу пратениците на власта и опозицијата. За овој предлог-закон остануваат да дебатираат уште тројца пратеници.

На почетокот на седницата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во процедурално обраќање забележаа дека во Сала 6 каде се одржување денешната седница на Комисијата нема услови за работа. Тие повторно забележаа дека со ставањето на европското знаме на пакетот за измените на законите за градбата на коридорите се прави злоупотреба на европското знаменце. Посочија дека не добиле образложение зошто законите се поднесени со европско знаменце и нагласија дека евроамбасадорот во земјава посочил дека овој пакет закони не треба да биде поднесео со европско знаменце.

Потенцираа дека ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на капитални проекти и патишта, но, според нив ваквата постапка на власта е криминално дело, а забележаа и дека со проектот се развивала само патната инфраструктура во западниот дел на земјата.

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи истакна дека нема измени во стратешките процедури во државата. Посочи дека дека за овие инвестиции вреди да бидеме поефикасни, да имаме пократки рокови во смисла на комплетирање на документацијата.

-Целата работа е транспарентна и се во овој процес е транспарентно. Законот се донесува во Собранието. Преговорите околу компанијата беа транспарентна работа. Овде слушам дискусии кои што не држат, немаат факти и аргументи. Сепак почнувате со популизам. Немојте да го труете народот. Почнуваме со историски проект за државата, рече Реџепи.

Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека евроамбасадорот испратил писмо дека не треба да врши злоупотреба европското знаменце, посебно за овој случај , односно за овој пакет закони, бидејќи нема никакво усогласување  со европското право.

-Ако ние планираме да го усогласуваме европското право, ние треба да имаме и кореспондентна табела во која што е точно наведено кој дел од европското право нашето законодавство го усогласуваме со европското. Празни табели, без никакви обраснувања, рече Ковачки.

Потпретседателката на Комисијата и пратеничка на ДУИ, Арта Биљали-Зендели истакна дека е срамно и поминало времето кога државата се делеше на Западна Македонија која што не беше развиена и Источна Македонија која што беше поразвиена. Посочи дека не треба да има такви поделби меѓу пратениците, бидејќи, како што рече, сите граѓани треба да имаат рамноправен развој во државата.

Потпретседателката на Комисијата, Биљали-Зендели ја прекина седницата и соопшти дека ќе продолжи во текот на денов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK