Тенкови и хеликоптери од САД и од Грција пристигнаа на Криволак за најголемата воена вежба досега


DSC_0015.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тенкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата „Immediate Response 25“.


Организатори на вежбата се Европската команда на САД/Команда на Копнени сили на САД  за Европа и Африка и АРМ.

Вежбата ќе се изведе од 26 мај до 9 јуни.

Вежбата „Immediate Response 25“ е дел од најголемата НАТО вежба оваа година на тлото на Европа како дел од вежбата“Defender Europe 25” предводена од Армијата на САД која се изведува на територијата на членките на НАТО од јужниот дел на Европа и во која учествуваат и Армиите на НАТО од Европа: Црна Гора, Албанија, Италија, Грција, Обединето Кралство и единица од Австрија и Косово како дел од заедничката програма за вежби на USEUCOM-AF.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан кој инволвира повеќе од 2.230 армиски припадници од 7 земји членки на НАТО и две земји партнери и годинава ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија.

Сценариото на вежбата „Immediate Response 25“ е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната, преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река, и АБХ одбрана вежби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK