Триатлонската трка Stopanska Triogy Triathlon 2023 во Скопје

triatlon_skopje-345434534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Околу 280 триатлонци од осум европски држави ќе стартуваат денеска во 8.30 часот на третата Stopanska Triogy Triathlon 2023 во Скопје. Триатлонската трка ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ (делот на пливањето), долж булеварот „Илинден“ ќе биде сегментот на велосипедизмот, а трчањето – околу СЦ „Борис Трајковски“.







Организатор на трката е СТК „Триоги Рејсинг“ од Скопје.

Освен од земјава, има учесници од клубови од Србија, Бугарија, Хрватска, Косово, Албанија, како и од Италија и Германија.

За техничката поддршка на трката се погрижи Тратлон федерацијата на Северна Македонија.

Оваа година натпреварувачите ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2014 г. и помали

-Деца 2, родени од 2011 до 2013 г.

-Кадети, родени од 2008 г. до 2010 г.

-Јуниори, родени од 2004 г. до 2007 г.

-Елитна група (кои ќе се борат за титулата Државен првак на Македонија)

-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Поради трката, денеска 8:30 до 12:30 часот ќе биде затворена десната коловозна лента од бул. „Илинден“, и тоа од крстосницата со булеварот „8 Септември“ до крстосницата со ул. „Никола Парапунов“.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK