Посебен режим на сообраќај во Скопје

zatvoreni_ulici_skopje_4353454
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска од 08:30 до 12:30 часот поради одржување на триатлон натпревар, ќе бидат презмени мерки за посебен режим на сообраќај во дел од Скопје.







Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“,  а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосница со ул.„Никола Парапунов“ и обратно.

Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK