Отстранети 330 кубни метри отпад од диви депонии во неколку скопски општини

divi-deponii.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во текот на изминатите неколку дена, Јaвното претпријатие Комунална хигиена-Скопје реализираше низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации.

Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената Борис Трајковски и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром. Повторно е интервенирано и на булеварот Никола Карев, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK