Без струја шест скопски општини

455229-defekt-na-dalekuvod-go-ostavi-gevgelisko-bez-struja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија, ќе останат неколку скопски општини.

– Од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од Славеј Планина, ул 376, Максут Садик, Стојко Јовановски, Прохор Пчински и дел од корисниците на бул Македонско-Косовска Бригада (општините Бутел, Чаир);

– Од 08:30 до 10:00 часот, корисниците од ул. 1, ул. Шар Планина (општина Ѓорче Петров);

– Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Христо Татарчев 23 (општина Кисела Вода);

– Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од с.Кондово, Кучково, дел од Волково, Долно и Горно Свиларе, Рашче, Бојане, Копаница, Радуша(општини Сарај, Ѓорче Петров);

– Од 08:15 до 13:00 часот, корисниците од ул. 4, ул. 8 и ул. 1635 во населба викана Економија-Сингелиќ (општина Гази Баба) и

– Од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците во Волково од кружен тек кон с.Кучково (општина Ѓорче Петров).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK