Сиљановска Давкова ќе му го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски

siljanovska-davkova-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе го врачи мандатот за состав на Владата, на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти претседателскиот кабинет.

ВМРО-ДПМНЕ освои убедлива победа на изборите во мај, освојувајќи 58 пратеници.

Во тек се преговори за составот на новата Влада, а се очекува коалициски партнери да бидат Вреди и ЗНАМ.

Владата треба да се формира во рок од 20 дена по врачување на мандатот,

Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана.

Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон.

-Очекувам час поскоро да го поднесам составот на членовите на идната влада која ќе биде изгласана пред крајниот рок што е дефиниран согласно закон и Устав, изјави Мицкоски во Собранието по поднесувањето на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа.

Побара поддршка од сите пратеници за законските измени за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK