СДСМ: Сè што најавивме се случува,1,3 милијарди ново задолжување, арамијата повторно лажеше


mickoski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за финансии ја започна постапката. Македонија планира да се задолжи со 1,3 милијарди евра на меѓународниот пазар во 2027, истакнуваат од СДСМ.


„Велат – поради дефицит и поради стари обврзници. Велат: ова е стратегија. Ние рековме: ќе се задолжуваат. Еве, се задолжуваат.

Истата шема како со Гета. Мицкоски кажа нула денари од граѓаните. Излезе 5,53 милиони евра од Лотарија – народни пари. Сега истата рака црта стабилни финансии, а буџетот зема нов товар.

Најавивме ново задолжување од 1,3 милијарди. Сега е веќе хартија. За две години оваа власт не задолжи 4 милијарди евра. За 35 години постоење сите влади заедно – 8 милијарди. Половина од долгот на државата за три ипол децении, арамијата го направи за 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то“.

Од опозициската партија прашуваат, дали уште некој му верува на Мицкоск.

„Човек што штом зине – лаже.

Нула денари за концертот. Трета економија во европа. Шеснаесет пати поголеми пензии. Двесте илјади публика на концерт. Сериозна држава. Сега и овој кредит, како да е ситница.

Кредитот не е приход, туку обврска. Сметката ја плаќа народот. Часовникот од 60 илјади евра, оделото од 10.000 евра и новиот авион од околу 100 милиони ги плаќа државната каса, која постојано се празни. А буџетот се пари на граѓаните.

СДСМ го кажа ова додека тие цртаа бајки. Документот пристигна“.

Бандата, додаваат од оваа партија, се задолжува за своите криминални тендери. „Граѓаните, нивните деца и внуци ќе ги враќаат тие долгови“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK