„СДС тоне поради слугувањето на Софија, а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“, велат од ВМРО-ДПМНЕ


venko-filipce-sdsm-2.jpeg.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Филипче и СДС се тотално изгубени на политичката сцена, немаат политичка стратегија за државата, немаат визија, ниту пак план за развој на државата. Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Единствена политика која ја води СДС и Филипче и на која жестоко инсистира е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирање на уставни измени многу повеќе и од барањата на Бугарија.

СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политиките кои доааѓат однадвор а на штета на македонските национални интереси.

Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија.

Поданичкиот и капитулантски однос на СДС и Филипче е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС.

СДС нема никаков став кога станува збор за заштита на македонските интереси единствено нешто што му е важно на Филипче и СДС е како да дојдат на власт по било која цена па макар и на штета на националните интереси.

СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и инационални интереси.

Се додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK