Разрешен е Сашо Дранго кој се фотографираше со убиена мечка, на негово место во „Македонија пат“ доаѓа Александар Шуковски


drango-mechka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сашо Дранго е разрешен од функцијата заменик-директор на ЈП „Македонија пат“, а на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.


За назначувањето на функцијата заменик-директор информираше самиот Шуковски на неговиот фејсбук профил.

„Дадената доверба е голема обврска, но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена.

Денес е мојот прв работен ден на позицијата, В.Д. заменик Генерален Директор на Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија Пат), информира на социјалните мрежи Шуковски.

„Голема благодарност до Претседателот на Владата, членовите на владата и членовите на управниот одбор на институцијата за дадената доверба“, пишува Шуковски.
Дадената доверба е голема обврска но и одговорност, затоа можам да ветам, дека напорно ќе работам за да ја оправдам довербата која ми е дадена“.

Разрешувањето на Сашо Дранго доаѓа откако пред околу два месеца беше објавена фотографија на која тој позира со убиена мечка.

Дека итно ќе биде разрешен и повикан на одговорност доколку се утврди неговата вина, најави и премиерот Христијан Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK