Противпожарниот воз и ова лето во функција, досега не интервенирал

voz_protivpozar_345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Противпожарниот воз, лоциран на Железничката станица во Велес, и ова лето е во функција. Тој е на располагање од 1 јуни до 30 септември во случај на пожари долж пругата во земјава.

Со  два вагона цистерни од 40 тона или вкупно 80 тони вода возот, за кој во секој момент има обезбедена локомотива, може да гасне пожари до 50 метри од двете страни околу пругата. Со противпожарниот воз при случаи на големи пожари, каде нема услови од друмскиот сообраќај, врши дотур на вода на противпожарните цистерни на Територијалните противпожарите единици од сите градови долж пругата.



– За среќа годинава и лани возот не интеревнирал бидејќи немало пожари, но затоа во 2021 година и во претходните години интервенирал и со него беа изгаснати голем број пожари во земјава, а бил од голема помош на ТППЕ во земјава, информира за МИА Никола Марков од МЖ инфраструктура.

Екипата од три обучени пожарникари, еден командир и двајца пожарникари вработени во Македонски железници, во четири смени, 24 часа се  подготвени. Појасни дека водата за резервоарите цистерни на противпожарниот воз се полни од хидрантите на секоја железничка станица долж пругата.

Марков информира дека ако има потреба за настанат пожар првично во функција се ставаат таканаречените моторчиња или пружни возила со 5-6 буриња со вода, а вакви возила има во станицата во Велес, Скопје и Демир Капија. Со нив тие веднаш интервенираат додека да дојде противпожарниот воз, а во многу случаи со овие возила биле изгаснати пожарите. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK