Промоција на публикацијата „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“

pendarovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на промоција на публикацијата насловена „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС).

Публикацијата, што ќе биде промовирана во кабинетот на шефот на државата, содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност, и е изработена по повод одбележувањето на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје со цел поттикнување на јавната дискусија околу важноста на солидарноста во развојните цели и градењето на отпорни општества.


Покрај Пендаровски на настанот ќе се обратат Марина Валтер, заменичката на регионалната директорка за Европа и Централна Азија на УНДП, Владимир Десков, ко-автор на есејот „Изградба на градот на солидарноста“ и Ненад Марковиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), информираат од кабинетот на претседателот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK