Мето Јовановски: Порано имаше систем имаше вредности

meto jovanovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По прашањето за  успехот и кариерата како актер во поранешниот систем можам да кажам дека тоа е индивидуално, секоја личност има свој почеток, свое опкружување од детство, фамилијарно, школување, професор – ментор и малку среќа во професијата, вели во кратиот разговор за МИА еден од најпознатите македонски актери Мето Јовановски.







-Освен занаетско знаење стекнато во професијата, треба и малку среќа во животот. Имало и луѓе во тој систем кои биле привилигирани и правеле кариера, но во тој период имаше вредносен систем. Така што луѓе кои не биле партиски членови ниту биле привилигирани со некаква позадина, сепак имале можност да бидат рамноправни со најголемите личности во актерската професијата во глумиштето на ниво на Југославија. Јас ја имав таа можност и среќа и покрај тоа што зад мене не стоеја некаква политичка ниту партиска позадина, не сум бил член на партија, но сепак никој не ме оспорил, потенцира Јовановски.

Воедно информира  дека негов духовен татко, одамна починат, бил професор Бојан Дановски од Бугарија.

– Тој е човек кој бил во Италија, учел Конзерваториум, бил асистент во Германија на Брехт – најголемиот светски драмски автор и којшто зборуваше осум јазици. Јас  бев негова последна генерација во Софија. Тој е мој духовен татко, тој ми дал знаење и е мој патоказ и ориентир во професијата и на духовен план, потенцира Јовановски.

Мето Јовановски заедно со познатата индиска актерка Раџшри Дешпанде неодамна одржаа работилница со студенти од Меѓународниот Славјански универзитет во Свети Николе.

Двајцата им зборуваа на студентите за актерската професија, работата на филм, пред камера, работа со млади луѓе и со нив споделија некои свои искуства, како и за успехот и актерската кариера.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK