Времето денеска променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во следните денови ќе се задржи релативно топло време, до петок претежно сончево и стабилно.
За време на викендот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец.