Повикот за доделување на Награда за младинско учество е отворен


skopje-luge-guzva-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерство за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество.


Наградата се доделува во три категории:

индивидуална категорија (млади на возраст 15-29);
категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и
категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. Истата ќе биде доделена за активности и иницијативи што номинираните лица ги реализирале во периодот јуни 2023 – мај 2025.

Висината на Наградата за младинско учество по категории е  следната: 1.000 евра за индивидуална категорија; 3.000 евра за неформални групи на млади и 3.000 евра за младински организации.

Рокот за поднесување на номинации е од 16 до 30 јуни, 2025 година.

За условите и критериумите за Наградата за младинско учество повеќе детали на следниот линк: https://shorturl.at/elsC4

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следниот линк:

НОМИНАЦИЈА ЗА НАГРАДА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО 2025

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK