Османи- Пападопуло: Почитувањето на Преспанскиот договор и поддршката од Грција, клучни за нашата европска интеграција

GR1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На маргините на Состанокот на министрите за надворешни работи на процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло.

„Северна Македонија и Грција како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања” истакна Османи.

Тема на разговор беше европската перспектива на Северна Македонија, и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција.

„Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО. Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност“, рече Османи.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK