Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Видео-Османи-Владата-не-именува-и-разрешува-министри-туку-Собранието.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи ги прекинува денешните предизборните активности.

„Почитувани поддржувачи, Од здравствени причини во семејството ќе ги прекинам денешните предизборни активности. Се надевам дека ќе бидам со вас на централниот состанок вечерва ако се биде во ред. Ви благодариме за разбирањето!“, напиша Османи.

Претседателскиот кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, претходно од митингот во Дебар порача дека од позиција на шеф на државата може да го заврши евроинтеграцискиот процес на земјава во рок од пет години.

Тоа, како што кажа, ќе го стори благодарение на знаењето, искуството и контактите низ светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK