Во Струмица одбележан Денот на пожарникарите

strumica_3453535434
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Со презентирање на против пожарната опрема пред граѓаните и ученици од основни училишта ТППЕ Струмица денеска во Градскиот парк го одбележа 20 Мај-Денот на пожарникарите.







Според командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев, од година во година опремата се повеќе се модернизира и е наменета за квалитетно исполнување на секојдневните задачи.

-Нашата ТППЕ Струмица од година во година бележи квалитетен напредок и е опремена со најсовремена опрема за секаков вид предизвици.Посебно сме горди што нашиот тим за брз одговор беше дел од Републичките сили кои ја пружија првата помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Република Турција, рече Гудев.

Денот на пожарникарите им го честиташе и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Ви благодарам што постоите. Вие сте хероите на градот и општината, Вие сте наша гордост и гаранција за нашиот безбеден живот. Продолжете во таа насока за наше добро, за доброто на секој од нас поединечно, но и за доброто на целата наша општина, стои во честитиката на струмичкиот градоначалник.

На денешната презентација пожарникарите ги изложија сите алатки и опрема со кои располагаат, а присутните најмногу се интересираа за опремата за извлекување на настрадани во земјотрес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK