ООУ ,,Гоце Делчев” од Илинден дел од првата Вело турнеја

goce_delcev_ilinden_345345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – ООУ ,,Гоце Делчев” од општина Илинден е дел од првата Вело турнеја на пролетната Вело офанзива ,,Пролет 2023” во рамки на програмата Вело училишта, организирана од страна на Здружението на граѓани Еко Логик, кое има за цел да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз на учениците.







-Во рамките на Вело турнејата на спортските терени на ООУ ,,Гоце Делчев” учениците од прво до петто одделение, беа вклучени во разни активностите за безбедно возење велосипеди, како и да ги покажат своите вештини, да се забавуваат и едуцираат преку повеќе игри. Посетени се оние училишта кои организирале најмногу Вело работилници во текот на годината, информираат од Општина Илинден.

Како дел од Вело турнејата ќе се одржат и обуки за просветните работници на темите за велосипедизам, одржливост и безбедност, како и градење на капацитетите кај просветните работници. По обуките ќе бидат доделени сертификати за успешно совладана Вело програма.

Вело активностите се реализираат во рамки на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Општина Илинден и Здружението на граѓани Еко Логик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK