Во првото пријавување, во прва година, во дебарската гимназија запишани 65 ученици

Debar gimnazija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во единственото средно училиште во општина Дебар, гимназијата „28 Ноември“ во првото пријавување во прва година запишани се 65 ученици што е околу 24 отсто од предвидената квота.







-Запишани се сите 65 пријавени ученици. Од нив 51 се за паралелките со настава на албански, додека 14 за македонски наставен јазик. Според Конкурсот на МОН, можност за упис имаат 272 ученика во осум паралелки, три паралелки, со 102 ученика се за настава на македонски и пет паралелки или 170 ученици за настава албански наставен јазик, сите гимназиска насока, изјави за МИА, директорот Рамадан Имери.

Додаде дека проблем за завршените основци и оваа година е онлајн пријавувањето, поради што ќе побараат од Министерството да се дозволи пријавувањето да биде класично, како порано.

-Учениците се жалат дека имаат проблем со онлјан пријавувањето. И во првото пријавување помагавме во тој правец. Имаме формирано комисија која им помага во пополнувањето на формуларот на учениците кои доаѓаат во установата. Очекуваме бројот на пријавени и запишани да биде поголем во второто пријавување што е следната недела, посочи тој.

По традиција поголем број запишани ќе има во вториот уписен рок, бидејќи во првиот, дел од завршените основци најпрво за упис се јавуваат во средни стручни училишта во други градови во државава, пред се во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK