Во Делчево одбележан Денот на пожарникарите

pozarnikari delchevo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарите во Делчево прогласен најдобриот пожарникар за изминатата година. Наградата годинава му припадна на пожарникарот Орце Тодоровски, на кого му беше доделена традиционалната награда од градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.







-Овој ден кој е посветен на пожарникарите е одличен повод, јавно да се заблагодарам за професионализмот и одговорноста на делчевските пожарникари. Секогаш први во заштитата на граѓаните и нивниот имот и во овој кризен период, покажаа дека се на висината на својата задача, рече Трајковски.

Напомена дека во изминатиов период Општината вложила големи напори во инвестирањето за подобрување на условите за пожарникарите при нивниот работен престој во единицата.

-Заложбите за подобрување на техничката опременост на единицата остануваат и понатаму мои приоритети, додаде Трајковски

Орце Тодоровски е пожарникар кој има над 15 години работен стаж, а наградата се доделува на предлог на неговите колеги пожарникари од Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK