Во Битола одбележани 187 години од формирањето на првата противпожарникарска единица

pozarnikari bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Битола пригодно го одбележа 20 мај, денот кога во 1836 година во Битола е формирана првата противпожарникарска единица, денес востановен како Ден на македонските пожарникари.







Според востановената традиција, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и претставници на Советот на општината, положија цвеќе пред спомен плочата на територијалната противпожарна единица во овој град, најстарата единица во државата и на Балканот, формирана во Битола, со повелба на Румелискиот Валија, донесена на 20 мај 1836 година.

-Денес кога се одбележуваат 187 години, од формирањето на противпожарната единица, сакам да го честитам Денот на пожарникарите, да им се заблагодарам за пожртвуваноста, храброста, хуманоста и солидарноста, при сите интервенции, кога е потребно нивно делување за заштита на животот и зачувување на безбедноста на населението и материјалните добра, при пожари и други непогоди. Како локална самоуправа, остануваме посветени на работата на создавање подобри услови за нашите пожарникари, за што покрај подобрување на опременоста и возниот парк, активно работиме и на реализација на проектот за изградба на нова противпожарна зграда, со цел нашите пожарникари, да добијат соодветни и многу подобри услови за работа, посочи Коњановски.

Битолските пожарникари јавно се аблагодарија за неодамнешната донација на нова опрема и потсетија на нивното мото „Огнот е добар слуга, но лош господар“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK