Отворен ден во средното училиште во Општина Илинден

otvoren den uchilishta
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во средното општинско стручно училиште „Илинден” во Општина Илинден во Скопје денеска се отворени вратите за сите заентересирани кои сакаат да се запознаат со условите за запишување во ова училиште.







Како што соопштија од Општината, на Отворениот ден идните средношколци и деветоодделенците, нивните родители, како и сите останати имаа можност да се запознаат со квалификациите кои ги нуди училиштето, со наставниот план и програма, со проектите и изработките на учениците.

Фото/ Општина Илинден

Средното училиште денеска го посети и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека квалитетните услови за образование и реализирање на образовниот процес, како и добрите технички насоки, се важен дел при изборот на учениците во кое училиште ќе го продолжат образованието. Ова училиште, како што рече, ги нуди најсовремените услови за одвивање на образовниот процес, па затоа постои голем интерес кај идните средношколци.

Фото/ Општина Илинден

Во рамките на Отворениот ден присутните остварија комуникација со дел од наставниот кадар, разменија мислења со дел од учениците, направија увид во условите за престој и учење, во ресурсите и опремата кои се на располагање на учениците. Исто така, идните средношколци се информираа и за предностите и можностите кои ги нуди училиштето и електротехничката струка за понатамошно студирање или вработување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK