Во Битола отворен заеднички наплатен центар на локалните јавни претпријатија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Нова Битола денеска почна со работа заеднички, втор, наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“.

Наплатниот центар е отворен по барање на граѓани од Нова Битола и околните населби, кои потребата од ваков центар ја изнесоа на отворените денови со градоначалникот Тони Коњановски и потенцирајќи посебно повозрасните жители, кои не користат електронско плаќање на услугите, соопштија од Општина Битола.



-На отворените денови кои ги имавме со граѓаните, посебно повозрасните сограѓани, ја нагласија потребата од наплатен центар и во „Новиот пазар“, со што би им се олеснило плаќањето на сметките за комунални услуги, а дополнително би заштедиле и време и средства. Согледувајќи ја потребата, јавните претпријатија го уредија и опремија овој простор, како втор наплатен центар, со што потребните услуги се достапни и во овој дел на градот. Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги, изјави градоначалниокот Коњановски.  Како што е познато, локалните јавни претпријатија заеднички наплатен центар имаа и во централното градско подрачје во просториите на поранешниот Работнички Универзитет, на улицата „Рузвелотава“ во Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK