Детскиот хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес под диригентската палка на Веселинка Маџарова го освои третото место на меѓународниот фестивал „Certamen Juvenil de Habaneras“ што се одржа во Тореавјеха, Шпанија. Тие беа единствен македонски хор на овој светски натпревар на хорови во силна претквалификација од 30 хора од кои биле избрани само пет меѓу кои и велешкиот „Св Кирил и Метидој“.
Како што информираат од Општина Велес, градоначалникот Марко Колев вчера ги примил младите девојки во својот кабинет и изразил голема благодарност за успешното претставување на општината во светот.
Тој им посакал успех и во иднина и поддршка во сите наредни настапи на фестивали во државата и странство, ,информираа од Општина Велес.
Како што информира за МИА диригентот на хорот Веселинка Маџарова, оваа награда за нив е уште позначајна бидејќи за самото учество на натпреварот тие имале тешки претквалификации меѓу апликанти – 30 детски и младински хора во светски рамки. Таа појасни дека тие испратиле снимка со задолжителна програма и биле еден од петте хора во светски рамки кои бие избрани за учество на самиот натпревар на хорови во градот Тореавјеха во Шпанија, каде натпреварите се одржале во Општинската концертна сала на 22 април. Тие настапиле со три хабанери-една задолжителна композиција-две по слободен избор и една композиција од македонски автор.
Маџарова појаснува дека натреварот е таков каде што може и никој да не освои награда
Наградата за трето место која ја добиле е во вредност од илјада евра и ќе ја искористат за следни натревари појасни Маџарова.
Инаку првото и второто место на фестивалот го освоиле хорови од Шпанија.
Детскиот хор „Св.Кирил и Методиј“ постои веќе десет години,а првично беше црковен хор,а сега е регистриран како здружение.
Хорот „Св Кирил и Методиј“ кој моментално брои 30 тина членови, има учествувано на бројни натпревари и освоен многу награди, па и највисоки први места на фестивал во Русија, Белорусија, Црна Гора и други.