Димитриевски: Македонија нема мултикултурен, туку биетнички и бинационален концепт што ги урива основните елементи на државата

maksim dimitrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски на вчерашната конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ истакна дека програмата за работа на општината за изградба на улици и инфраструктура подразбира изградба на улици во сите делови на градот, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи или други етнички заедници.







„Нашата програма за изградба на улици и инфраструктура подразбира изградба на улици во сите делови на градот, без разлика дали таму живеат Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, а верувајте ми имаме девет етнички заедници, дури и бугарската етничка заедница којашто не е признаена во Уставот, ете ја стои кај мене бугарското знаме во канцеларија заедно со останатите етнички заедници, бидејќи во Куманово има 350 граѓани коишто се изјасниле на последниот попис како Бугари. Но, притоа си го поставувам круцијалното прашање, дали креирањето на мултикултурното општество е борбата во којашто јас се дадов себеси, заедно со многумина од вас заедно овде под паролата „Нема правда нема мир“. Едно општество за сите подразбира креирање на вакво општество. Не. Јас се уште верувам во таков концепт, затоа што сметам дека овој концепт којшто ние денеска го имаме во Македонија не е мултикултурен концепт, туку е биетнички, бинационален концепт којшто сериозно ги урива основните елементи на уставот на државата, тој истиот устав којшто ние претходно девет пати, политичките елити го менуваа во континуитет без притоа да направат сериозна анализа што ќе се случи подоцна. Затоа денеска Македонија е исправена пред многу прашања“, рече Димитриевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK