Реконструкција на неколку улици во Кавадарци

реконструкција
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Започна реконструкцијата на улицата ,,Максим Горки, што е во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта“, информираа попладнево од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.







– На општината Кавадарци и се доделени средства од Владата на Македонија преку заемот на Светска банка, во износ од 1.112.010 евра, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура. Во овој проект се и улиците „Слога“, ,Димката Ангелов Габерот“ и „Вељко Влаховиќ“ во трета фаза, соопштија од кабинетот на Јанчев.

Оттаму додадоа дека Општина Кавадарци во континуитет работи на санирање на полските патишта. Изминатите неколку денови се работеше на санација на полските патишта во атарот на месноста Овчка река. Се продолжува понатаму и во месноста Смилица, како и атарите на селата Глишиќ, Марена и Сопот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK