Градоначалникот и претставници на општинската администрација садеа дрвца во Неготино

negotino drvca
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот и претставници на општинската  администрација садеа дрвца во Неготино, во паркот кај споменикот на Манчо Малиминов.







– Како градоначалник на општина Неготино, заедно со вработените во локалната администрација, денеска реализиравме активност за садење на садници во паркот кај споменикот на Манчо Малиминов кој е во фаза на реконструкција.  По завршувањето на реконструкцијата, граѓаните ќе добијат пријатно катче каде што во одмор и релаксација ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време. Засадивме шест јапонски цреши, 40 туја смарагд, четири хибискуси, 12 туја вудвард и лаванди, информираше градоначалникот Горан Стојанов.

Тој соопшти дека садниците ги обезбеди локалната самоуправа со средства од буџетот на општината Неготино, а со денешната активност е даден придонес во разеленувањето на овој простор.

– Вакви и слични активности се планирани и во иднина, на повеќе локации на територијата на неготинска општина. Благодарност и до ,,Гарден центар Пинус” за нивното учество со донација на дел од садниците, додаде Стојанов.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK