Нова детска градинка во Ѓорче Петров

gradinka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

🔴Со огромно задоволство сакам да ве известам дека во текот на вчерашниот ден ми соопштија преубава вест која е важна за сите жители на Ѓорче Петров.







👧🏻🧒Жителите на нашата општина ќе добијат нова детска градинка во Стопански Двор со капацитет за околу 100 деца, со што ќе се олесни процедурата при запишување на дечиња во градинките, а исто така и драстично ќе се намали бројот на дечиња кои чекаат да бидат запишани во градинката “Росица”.
🤝Благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Hristijan Mickoski и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, кои од позиција на опозиција, со макотрпна работа и труд успеаа да издејствуваат прифаќање на амандманот кој го поднесоа пратениците Vlado Misajlovski и Бојан Стојаноски и со тоа во Ѓорче Петров да се случи уште еден голем капитален проект.

😊Оваа преубава вест за нас како општина, а верувам и за сите наши жители кои живеат на територијата на општина Ѓорче Петров, само ја потврдува ангажираноста и посветеноста на нас како Општина Ѓорче Петров да ја направиме нашата општина едно модерно и убаво место за живеење, со кое сите ќе се гордееме.
❤️Продолжуваме со иста динамика во остварувањето на идеите за модерно и убаво Ѓорче!
Нека е аирлија!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK