На четири локации во Куманово ќе има детски катчиња

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Детски катчиња ќе има на четири нови локации во Куманово, информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкезе.







– Првично предвидовме шест, но поради повисоките цени ќе поставиме четири. Сега истите тие средства само ги пренаменуваме за изградба на четири и тоа е цената на чинење, некаде такви детски катчиња се градат со околу 10.000 до 20.000 евра по локација во зависност како ќе бидат уредени, какви играчки ќе поставите, дали долу ќе биде земја, дали ќе биде тартан подлога, каков тартан итн., изјави Димитриевски.

Од локалната самоуправа апелираа да не се уништува опремата како што последно беше случај со Спомен костурницата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK