КП „Стандард“ со уште еден проект за побезбедна вода од водоводот Росоки-Дебар

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уште еден значаен проект ќе реализира Јавното комунално претпријатие „Стандард“ во насока на што побезбедна вода за пиење од водоводот Росоки – Дебар.







– По успешната реализација на проектот минатата година, со кој обезбедивме поголем доток на вода во градскиот резервоар а со тоа и нормално снабдување на потрошувачите, набрзо почнуваме со проектот за реконструкција на заштитна ограда и чуварница на изворите во Росоки. Всушност станува збор за целосно опкружување на изворот, изградба на чуварница и други зафати кои ќе влијаат на безбедноста на водата за пиење, информираше директорот Бурим Каба.

Додаде дека е потпишан договорот за распределба на финансиски средства во износ од 2.000.000 денари (32.570 евра), добиени од Министерството за животна средина и просторно планирање и изразува голема благодарност за поддршката.

Минатата година со проектот финансиран од општина Дебар беше извршена замена на сите 65 стари воздушни и испусни вентили поставени уште при изградбата на водоводот.

Водоводот Росоки-Дебар е изграден 1988 година со зафаќање на вода од изворите кај селото Росоки, Мала Река, во должина од 32 километри. Од него со вода за пиење се снабдува Дебар, дел од Центар Жупа, преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK