Тешко повреден 78-годишник, бил удрен од автомобил во Скопје


brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Седумдесет и осумгодишен пешак е тешко повреден откако вчера бил удрен од автомобил на улицата „Јустинијан Први“ во Скопје.


Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена на 16 ноември во 16:35 часот, кога патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.И. (44) од Крушево, удрило во Б.С. (78) од селото Студеничани, Скопско.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK