На 18 јуни 2025 година (среда), со почеток во 19:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“- Гевгелија, ќе биде отворена изложбата на уметнички дела од Анета Таневска со наслов „Пресвета Богородица“. Изложбата претставува ликовна посвета инспирирана од духовниот и симболички лик на Богородица, како вечна инспирација за генерации уметници.
Делата се изработени во различни техники и медиуми – масло и акрил на платно, лесонит, дрво и картон што внесува разновидност во текстурата и композицијата, но истовремено задржува визуелна кохезија и духовна длабочина.
Изложбата е во организација на НУ Музеј- Гевгелија и е дел од серијата културни настани со кои Гевгелија го одбележува својот статус како град на култура за 2025 година.