Ѓорѓиевски: Припор го менува својот изглед, по 30 години освен реконструкција на игралиште ќе се асфалтираат 11.000 м2 улици

gjorgievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најпрво да се заблагодариме на Вашиот интерес и присуство денеска на увид на нашите активности овде во Припор каде што се наоѓаме практично. На мое огромно задоволство денеска со мене е и претседателот на најголемата политичка партија и претендент за нареден премиер во државата, професорот Христијан Мицкоски.







Денеска правиме увид на градежни активности овде во Припор каде што практично 30-тина години наназад немаше никакво придвижување, ниту пак градежни активности. На игралиштето на кое што стоиме сите, на кое што се врши реконструкција 30 години не е народски кажано шајка закована, а сега го модернизираме целосно односно вршиме целосна реконструкција на истото.

Исто реконструкција правиме и на улицата која што е непосредно до игралиштето, а останатиот простор околу црква горе го оплеменуваме со ново детско катче. Така да ќе нуди ова место овде простор за рекреација за сите категории на наши сограѓани овде од Припор.

Истовремено работиме на сите практично улици во Припор каде што имаше потреба за санација на истите. Веќе две ги завршивме, тоа е улица 21 и улица 23. Работиме во моментов на улица 25, а во наредниот период како што споменав ќе работиме на останатите потези или вкупно повеќе од 11.000 метри квадратни асфалтирање ќе има овде во Припор.

Пропратно со сето тоа, онаму каде што работиме на улиците, а каде што има потреба за промена на дотраена и стара водоводна или канализациона мрежа и тоа го земаме во предвид и истото се санира.

Тоа значи дека Припор за неколку недели од денес ќе добие сосема нов изглед и подобри услови за живеење на нашите сограѓани.

Освен во Припор работиме и во с. Драчево, населба Драчево. Во населба Драчево работиме на улицата „Славка Димкова“ која што е некаде околу километар и двесте метри улица. И на истата и следи целосна реконструкција, нови тротоари ги уредуваме таму. Истовремено во с. Драчево каде што после 30 години го обезбедивме „Илија Ристески“ тоа е еден потег добро познат за Драчевци, го обезбедивме водоснабдувањето за жителите таму, за повеќе од 250 домаќинства. После 30 години добија вода таму за пиење.

Сега сме во фаза каде што откако ја завршивме оваа работа со водоснабдувањето, ги реконструираме улиците околу 11.000 м2 исто работиме и во моментов во 11-ти Октомври бараки. Работиме и во останатите населби. Во тек се два мега парка кои што ги правиме во моментов, едниот е на повеќе од 30.000 м2 во 11-ти Октомври бараки, каде што споменав дека улиците ги реконструираме. И истовремено во Драчево правиме еден ултра модерен, современ парк на повеќе од 10.000 м2. И така да имаме поприлично набиена агенда како општина, имаме доста проекти и ни следи како што знаете работно лето, работна есен. Ќе имаме многу проекти, многу што да сработиме наредниов период. Сме спремни и имаме добар тим, сакам и да се заблагодарам и на советниците за апсолутната поддршка која ја имаме досега, јас и сите вработени во Општината. Така што би ни било драго на сите настани вака да се појавите и Вие како медиуми и да ни ја дадете поддршката во она што го правиме за нашите сограѓани.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK