Ѓорѓиевски на средба со Стојкоски: Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и заеднички ќе ги решиме

02-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски оствари уште една од низата средби и разговори за поубави општини и град Скопје.

Денес тој беше во посета на Ѓорче Петров, каде со својот колега, градоначалникот Александар Стојкоски, продискутираа за постигнатото во овие две години кое во огромна мера го смени ликот на оваа општина и покрај опструкциите од страна на Градот Скопје. Заеднички бараа и решенија за проблемите со кои се соочуваат жителите на Ѓорче Петров. Ѓорѓиевски потенцираше дека новата централна власт предводена од Премиерот Христијан Мицкоски ќе биде вистински партнер во унапредувањето на единиците на локалната самоуправа. Истакна дека градските проблеми ќе ги решаваат заедно, бидејќи Скопје и скопјани заслужуваат метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските.

-Денеска ја посетив општина Ѓорче Петров каде што заедно со првиот човек и мој драг пријател Александар Стојкоски разговаравме за досегашната успешна работа во изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат жителите на Скопје. На самиот почеток, морам да му честитам на Александар и неговиот прекрасен тим за големите промени кои ги направија во општината за поквалитетен живот на сите кои живеат во неа. И покрај опструкциите од страна на градот Скопје, градоначалникот успеа да постигне многу висок степен на реализација на проекти споредбено со претходниците, што се гледа и од терен.

Како претседател на ЗЕЛС поразговаравме и за она што треба дополнително да се реализира, а е во планот за наредниот период за да дојдеме до заеднички решенија. Ова е уште една од средбите кои ги започнав сѐ со цел да се изнајдат решенија за жителите на градот Скопје.

Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и заеднички ќе ги решиме.

Со новата централна власт предводена од премиерот Христијан Мицкоски доаѓа ново време и оној игнорантски однос од изминатите години заминува во минатото.

Сега, градот Скопје и општините ќе имаат вистински партнер во унапредувањето на единиците на локалната самоуправа. Градските проблеми ќе ги решаваме заедно, бидејќи Скопје и скопјани заслужуваат метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските. Скопје заслужува да биде повторно горд град-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK