На 9 мај годинава започна големата пролетна акција за чистење наречена Генералка викенд, која се спроведе на над 450 локации низ сите општини, со учество на 25.000 волонтери. Оваа година, акцијата е поддржана од Владата преку Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Сите основни училишта од Општината , како и СОУ “Јосиф Јосивоски” од Гевгелија на ден 9-ти Мај ( петок ) спроведоа активности за време на Генералка викендот и одржаа Еко час на ниво на целата држава во секое училиште со цел да се поврзе практичната работа на терен со наставата.
На 17 мај ( сабота ) во 9:00 часот вработените од општина Гевгелија, заедно со планинарското друштво “Кожуф”, Црвен Крст од Гевгелија и Гевгелија Точак Клуб ја спроведоа акцијата Генералка Викенд на неколку локации низ општината.