Два завршни концерта на „Мистик“- 24 и 25 јуни


postovi-juni-24-25.6-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Танцово студио „Мистик“ и оваа година подготвува спектакуларна завршница на сезоната преку своите Годишни концерти, кои ќе се одржат на 24 и 25 јуни 2025 година (вторник и среда) во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Картите се достапни во цвеќара „Оликат“, по цена од 200 денари.

Публиката ќе има можност да ужива во богата и разновидна кореографска програма, која ќе ги обедини повеќето танцови групи на студиото вклучувајќи ги детските и возрасните состави во ритамот на современиот танц, хип-хопот, џез-денсот и урбаниот сценски израз, комбинирани со визуелна естетика и сценска дисциплина.


Со своите концерти, „Мистик“ не само што ја заокружува уште една успешна танцова сезона туку и дава вреден придонес во годишната културна програма со која Гевгелија гордо го носи признанието „Град на културата за 2025 година“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK