Безбедно и долично да се прослави матурата, апелира СВР Куманово

kumanovo_4533533
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Безбедно и долично да се празнува матурата, порачаа претставници од отсекот за превенција од СВР Куманово пред матурантите на трибина. Преставници на полицијата апелираа матурантите да не возат под дејство на алкохол, да внимаваат и безбедно и достојно да ги прослават матурите. Полицијата најави засилени контроли.







Кумановските матуранти слушаа за високите казни за нерегистрирано возило, возење без дозвола, возење под дејство на алкохол, казни за возачи почетници. Голем број од нив возат мотори и од полицијата ги посочија високите казни за неносење кацига.

– Да прославите безбедно и долично, без викање, карање, расправии, кршење. Движењето на плоштадите или улиците да биде достојно, без фрлање отпадоци, флаши, без оштетувања на имот, возила, повика Лиле Младеновска од отсек за превенција.

Надлежните повикаа да се избегнуваат кавги, расправии, строго да се внимава на сообраќајните правила и прописи.Трибината има за цел да ја подигне свеста за безбедно и долично прославување на матурата, а полицијата најави засилени контроли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK