Општина Крива Паланка информира дека започнува уписот на првачиња за учебната 2026/2027 година во основните училишта ООУ „Илинден“ и ООУ „Св. Јоаким Крчовски“.
Во насока на унапредување на условите за образование и поддршка на семејствата, Општина Крива Паланка обезбедува, додаваат од таму, еднократна парична помош во износ од 3.000 денари за сите семејства со запишано прваче.
„Инвестирањето во образованието и во најмладите е инвестиција во иднината на нашата општина. Со оваа мерка сакаме да им дадеме поддршка на родителите и да им овозможиме полесен почеток на децата во образовниот процес,“ изјави градоначалникот Сашко Митовски.
Општината се истакнува во соопштението, останува цврсто посветена на континуиран развој и унапредување на обрзованието, како темел на секое современо и просперитетно општество, вложувајќи во идните генерции како највреден ресусрс за долгорочен равој и напредок на заедницата.
„Повеќе информации, како и Барањето за аплицирање, се достапни на официјалната веб страна на Општина Крива Паланка:https://www.krivapalanka.gov.mk/novosti/44468