35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, политиката на омраза и поделби повторно нè води кон пропаст, велат од СДСМ


sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес се навршуваат 35 години од загинувањето на Сашко Гешовски, првата жртва од Македонија во конфликтот што го доведе до распадот на Југославија, велат од СДСМ.


„Политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби тогаш целата земја ја втурнаа во крв и во трагедија.

Само со мудрите политики на Киро Глигоров, Македонија се избори за независноста по мирен пат.

Теориите на Милошевиќ за „домашни предавници“, „странски платеници“ и „Србија нема да се наведувва “ од една страна, и националистичките политики од другата, доведоа до војна и пропаст“.

Денес, според опозициската партија, Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја повторуваат истата опасна формула.

То, како што нагласуваат, систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации.

„Секој кој не се согласува со него е „предавник“, „мекотел“, „коленичи“, „талог на општеството“ или „мочуриште“.

Истата реторика на омраза и поделби која нè доведе до трагедија пред 35 години, денес повторно се користи за да се заштити криминалната организација ВМРО-ОКГ и да се блокира европскиот пат на Македонија.

Ние имаме избор:

Дали ќе дозволиме Мицкоски и неговата организирана криминална група да нè вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери?

Или ќе одиме напред – кон светла европска иднина, во демократска заедница каде владее право, каде се гради просперитет за сите граѓани и каде Македонија станува полноправен дел од европското семејство“

СДСМ, додаваат од таму, јасно и недвосмислено стои на страната на мирот, единството и европската иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK